Свирел на гитара и се возел на автопат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Мајорка имала интересна потрага по возач на автомобил кој за време на движењето по автопат свирел на гитара. Инцидентот со црно Renault Megane со британска регистрациска табличка и волан на десна страна бил снимен од страна на локални возачи на овтопатот меѓу градовите Палма де Мајорка и Инка.

На видеото може да се види дека возачот свири на гитара и го придржува воланот со колена. Видеото го има привлечено вниманието на полицијата откако е поставено на интернет, па почнува потрага по возачот. Тој може да биде обвинет за опасно возење, а тоа носи казна од најмалку 500 евра и одземање на шест поени од контролниот талон.

Се смета дека возачот е Британец, кој пристигнал на островот со својот автомобил. Во Мајорка автомобилите се движат во спротивна лента во однос на Велика Британија, а во Обединетото кралство затоа и возилата имаат волан на десна страна. Казните за нарушување на правилата на движење во Мајорка се многу големи, па затоа ги преупредуваат туристите кои го посетуваат островот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK