Според резултатите на Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа (АСЕА) и Европската агенција за животна средина (ЕЕА) минатата година било забележано зголемување на CO2 кај ново регистрираните возила, а тоа се случува првпат од стартувањето на собирање на информации во 2010 година.
Од АСЕА велат дека зголемувањето на СО2 за Европа во минатата година од 0,4 проценти до 118,5 грама на километар е поврзано со зголемениот број на нови бензин автомобили. Зголемувањето се регистрира на основните пазари како Велика Британија (+0,8%), Франција (+0.6%), Шпанија (+0.5%) и Германија (+0.1%), додека во Полска и Холандија е забележа пораст од 1.43% и 2.27%.
Минатата година бројот на регистрирани бензин автомобили го надминал бројот на нови дозеч возила, а тоа се случува првпат после 2009 година. Според АСЕА пазарниот дел на дизел возилата во Европа е намален за 5 проценти, откако го достигнал нивото од 44,8%, додека тој кај бензинците се зголемил до 45,8% до 49,4%.
Во однос на општиот раст во продажбата на новите автомобили за минатата година, во пазарниот дел на електрифицирани автомобили е забележан минимален раст од 1,1 до 1,5%.