Кина продолжува да прави големи чекори напред во автомобилската индустрија, а најновите вести говорат дека пазарот продолжува да се шири и следно е освојување на САД. Она што стана јасно во последно време е дека марката Lynk & Co, која е дел од концернот Geely, ќе се произведува во фабриката на Volvo во Гент, сега друга вест предизвика шок кај конзервативно настроените автомобилски фанови.
Станува збор за фирмата SF Motors, која само пред една година доби лиценца за производство на електромобили од кинеско производство. Сега оваа компанија ќе почне да произведува и да продава свои возила во САД. За таа цел од SF Motors, која е сопсвеност на кинеската корпорација Sokon Industry Group, ја купи фабриката во која се произведуваше СУВ возилото Hummer.
Фабриката се наоѓа во Индијана и беше во сопственост на GM. Новиот штаб на SF Motors е позициониран во Силициумската долина. Со тоа откако ќе почне сериското производство, SF Motors ќе се претвори во првата кинеска компанија, која ќе произведува електромобили, како за Кина така и за САД.
Интересно е да се одбележи и тоа дека советникот во SF Motors, Мартин Еберхард е еден од соосновачите на Tesla.
Според првите информации фабриката во Индијана ќе почне со производство на електричните кросовери SF5 и SF7. И двата електромобили се направени на една и иста платформа и располагаат со еднаква сила. Системот за моќност е 1000 коњски сили, а со едно полнење ќе можат да минат на 500 километри.