Првата електрична Skoda дебитира следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda веќе го знае датумот кога ќе ја пушти во производство целосно новато електрично возило. Ова беше потврдено за врме на годишното претставување на финансиските резултати на компанијата каде беше истакнато дека следната година почнува правањето на новиот автомобил во фабриката во Млада Болеслав.

Во Skoda веќе се насочуваат кон електромобилите и кон електрификацијата така што понудата ќе биде главно со автомобили на струја. Првата сериска електрична Skoda Ќе се нарекува Citigo E и ќе биде базирана на популарниот градски модел со истото име.

Електричниот Citigo ќе биде претставен пред крајот на 2019 година и е базиран на Volkswagen e-Up, електрична верзија на моделот на германскиот концерн Up. На тој начин Skoda ќе се смести на лимитот за јаглерод диоксит, кој влегува во сила во 2020 година.

Citigo E ќе има можност со едно полнење да мине 300 километри.

Покрај тоа во 2019 година во Квасини, Skoda ќе го стартува склопувањето и на првиот plug-in хибрид-Superb PHEV во историјата, додека во 2020 година ќе има пазарно лансирање на сериската верзија на целосно новата електрична концепциска разработка на Vision E.

Планот е во следните две години, Skoda Auto на пазарот ќе понуди 19 нови модели и модификации, вклучувајќи ја и сериската верзија на VISION X, која дебитираше на меѓународниот саем во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK