911, AMG GT S, Range Rover Sport… Еве што се уништија “Жолтите елеци”

ОБЈАВЕНО НА:

Додека за едни се хулигани, а за други револуционери, популарните “Жолти елеци” веќе неколку недели активно протестираат низ повеќе градови во Франција. При тоа покрај полицијата, на мета на протестирачите се и бројни луксузни автомобили кои во целост се уништени.

Така на видео записите кои се појавија на интернет може да се види како “Жолтите елеци” уништуваат низа луксузни автомобили. Од Porsche 911 па се до Mercedes-AMG GT S и Range Rover Sport со диполоматски таблички.

Покрај луксузните автомобили, значително настрадаа и други “обични” автомобили, мали градски автомобили како и скутери.

https://youtu.be/BMrvS5VahSk

Претседателот Емануел Макрон ги осуди овие протести и истите ги оквалификува како насилни. Со апели за мирно искажување на револтот излегоа и други француски политички партии, а загриженост искажа и Европската комисија при ЕУ.

Демолирани се и бројни полициски возила кои се непријател број 1 за протестирачите. Надлежните министерства досега регистрираа стотица повредени полициски службеници.

https://youtu.be/QUYiCeVl4z4

Од друга страна, бројни повреди се забележани и кај протестирачите чија структура во најголема мера ја сочинуваат млади лица, радикални десничари, анархисти и радикални левичари, пренесуваат француските медиумит.

https://youtu.be/kt4hP56DHUA

Демонстрантите најавија уште помасовни протести во кои ќе меѓудругото ќе користат бројни алтернативни средства на искажување на својот револт и исполнување на своите барања. Така доколку планирате патување во Франција истото откажете го или патување со големо внимание.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK