Започна производството на Koenigsegg Jesko – сите примероци распродадени!

ОБЈАВЕНО НА:

Помалку познатиот шведски производител на супер брзи автомобили Koenigsegg Automotive го започна производството на моделот Jesko кој доаѓа како замена за Agera. Производството на овој модел кој беше претставен уште на саемот во Женева во 2019 година започна во фабриката во близина на градот Ангелхолм.

Со означувањето на стартот на производството, објавени се и неколку фотографии од овој супер брз автомобил во портокалова боја.

Автомобилот, како што е познато и од претходно, располага со 5,0 литарски biturbo V8 мотор централно поставен кој продуцира неверојатни 1.624 КС и 1.500 Nm обртни моменти. На симулатор, овој автомобил без проблем ја надмина брзината од 500 км/ч, а наскоро треба да се случи и тестирањето во реална околина со цел соборување на рекордот за најбрз автомобил.

На годишно ниво планирано е да се произведуваат од 40 до 50 примероци, а вкупно планираното производство е лимитирано на 125 примероци. Сите овие примероци се веќе продадени уште во 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK