Зошто половните автомобили стануваат поскапи?

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичката агенција Jato посочи некои од основните причини за поскапувањето на малку користените автомобили. Како најзначајна, од Jato е определен недостатокот на нови конвенционални автомобили на пазарот. Навлегувањето на електромобилите во производството ги тера компаниите да прават сè помалку автомобили со мотори со внатрешно согорување, кои од друга страна продолжуваат да бидат барани во Европа.

Овој недостиг води до зголемување на побарувачката на малку користените автомобили. Како резултат на овој парадокс, цените на користените автомобили во првото тромесечие за 2021 година се зголемиле за 4,7%, а од почетокот на 2020 година за цели 25%. Во исто време новите автомобили исто така поскапуваат соодветно со 2,5 и 15 проценти.

Цените за користените автомобили (на возраст од 1 до 3 години) на големите европски пазари пораснале најмногу, а понекогаш цената може да достигне до ниво на нов автомобил. Сепак, после претстојната очекувана сатурација на пазарот со нови автомобили побарувачката на користените ќе почне лесно да опаѓа.

И покрај фактот дека експертите предвидуват дека цените на половните автомобили ќе продолжат да растат, тоа ќе биде многу побавно. Статистиката покажува дека во 2021 година во Европа побарувачката на нови автомобили опаѓа, а продажбите на користените возила растат. Само во првиот месец од годината на секундарниот пазар продажбите скокнале за 10 проценти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK