Во светот на брзината најважно е што побрзо да ја завршиш трката, да бидеш побрз од противникот, но штом ја оставиш кацигата тогаш треба да се придржуваш кон правилата во сообраќајот. Кога на некој тест возач во Ф1 или DTM, или некоја тркачка серија ќе му биде одземена возачката поради пребрзо возење тогаш тоа е вест, па ако згора на тоа се работи за жена, сигурно некому тоа ќе му го привлече вниманието.
Шкотланѓанката Сузан Волф е позната по тоа што е жена на Тото Волф, тркачкиот директор на Mercedes, но истовремено таа има искуство со возење во Формула 3, DTM пред да стане возач за развој во тимот на Williams F1.
Таа беше првата жена што учествувала на Гран при викенд кога возеше на тренинг сесијата во В.Британија во 2014, а тоа го повтори и во Германија и Шпанија, исто како и В.Британија следната година. Потоа се откажа, и беше ТВ коментатор и беше бренд амбасадор на Mercedes меѓу другите работи.
Причината поради која и е одземена возачката дозвола е што возела 35 милји побрзо од дозволеното, во дел каде било дозволено само 30 милји. Изгледа тешко и оди трансформацијата од тркач во обичен возач.