По осми пат, во организација на општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, се одржa спортскиот настан Мартовско женско авто рели.
Настанот започнa на плоштадот во Авткоманда со вешто возење, а продолжи по градската сообраќајна мрежа, притоа почитувајќи ги сообраќајните знаци и прописи. Натпреварувањето беше поделено во две категории: за возила со зафатнина на моторот до 1600 ццм и за возила над 1600 ццм.
На настанот пред присутните натпреварувачки и посетители се обрати градоначалникот Тони Трајковски, на кого му беше врачена благодарница за поддршка на оваа спортска манифестација.
На Мартовското женско авто рели учествуваа 20 натпреварувачки
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]