Наскоро европската понуда на Toyota ќе биде збогатена со Cross изведбата на Yaris откако и официјално беше означен стартот на производството во фабриката во Онен, Франција.
За подготовките на производството на овој модел, Toyota Motor Manufacturing France (TMMF) во оваа фабрика вложи повеќе од 400 милиони евра, а овој мал кросовер ќе се произведува заедно со новата генерација на Yaris за чиј потреби е зголемен и бројот на вработени на околу 5 илјади.
Toyota Yaris Cross сега е вториот модел во понудата на јапонскиот прозиводител кој се темели на GA-B платформата која е дел од новата TNGA архитектура.
Димензионално, овој модел е со должина од 4.180 мм, ширина од 1.765 мм висина од 1.560 мм и меѓуоскино растојание од 2.560 мм. Во понудата ќе биде достапен со обичен бензински 1,5 литарски мотор, ист таков мотор во комбинација со хибриден погон, но и електрична верзија која ќе се појави подоцна годинава.
Цените засега остануваат непознати, а првите испораки ќе бидат спроведени кон крајот на овој месец, најпрво во Франција и Германија, а потоа и во останатите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија.