Закон е закон – остана без Lamborghini откако не платила 199 казни

ОБЈАВЕНО НА:

Законот е закон, редот е ред, па и кога станува за богатите, популарните и влијателните Руси. Руска инфлуенсерка останала без своето Lamborghini откако не платила 199 сообраќајни казни.

Како што пренесуваат руските медиуми, Настија Ивлева, позната инфлуенсерка која славата ја стекна со сликање за Playboy, успеала за краток временски рок да собере дури 199 сообраќајни казни со вредност од околу 250.000 американски долари.

Најголем дел од казните се однесувале за пречекорување на максималната брзина на движење, а бројните казни придонесе да полицијата присилно го заплени автомобилот.

Сепак за кратко, Ивлева го платила долгот и успеала да го врати автомобилот. Не е јасно дали во одвоена судска постапка ќе и се суди по некои од сообраќајните прекршоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK