За снимање сообраќајка бараат казна и до 15.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Законот кој беше предложен од страна на една политичка партија во Белгија и се однесува за жртвите во сообраќајните несреќи има за цел истите и нивните семејства да добијат заштита. Навистина е болно да се дознае по пат на социјалните мрежи дека саканата личност учествувала во сообраќајна несреќа.

Паметните телефони го менуваат животот и не го прават секогаш поквалитетен. Белгиската политичка странка Vooruit нуди воведување на драконски казни од 15.000 евра или две години затвори за оние кои го снимаат местото на несреќата, а не се овластени за тоа (иземани би биле полицајците, судските службеници и новинарите).

Има многу поводи за овој предлог, а најмногу се истакнува еден случај во местото Houthalen-Helhteren, каде млада жена направила селфи со една од жртвтите на сообрачајната несреќа која во тој момент била на носилки.

Главната цел на законот е да се заштитата жртвите и нивните семејства. Политичката странка смета дека покрај објавувањето на директни фотографии на кои се видливи лицата на настраданите и кој било друг начин на снимање кој овозможува препознавање на личноста на пример фотографии на автомобилот или облеката исто така би требало да биде казниво.

Сега се чека реакција на другите политички странки во Белгија на овој предлог.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK