За Lamborghini нема криза – рекордна продажба во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека за Lamborghini коронавирусот не постои – во септември оствари рекордна продажба.

Како што покажуваат официјалните податоци, минатиот месец, италијанскиот производител испорачал 738 примероци ширум светот.

“Експериментиравме со новиот начин на поврзување со купувачите и ентузијастите” изјави Стефано Доменикали, првиот човек на овој производител кој во својот коментар за овој успех се осврна и на коронавирусот.

Аналитичарите очекуваат овој бренд да продолжи со добри продажни перформанси и наредните месеци, а тоа го гарантира и големиот број на пристигнати нарачки за повеќето модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK