За иднината нa Hyundаi и Kiа: Корејците се подготвуваат за револуција

ОБЈАВЕНО НА:

Концернот од Кореја, Hyundаi-Kiа сега има дел од 8,9% од глобалните продажби на автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според Businеss Kоrеа во првиот квартал за 2020 година Hyundаi и Kiа продале речиси 29.000 електрични автомобили.

Изгледа дека бројката не е многу голема, но практично е речиси 10% од целиот светски пазар на електрични автомобили. И тоа укажува дека во иднина Корејците ќе можат да станат еден од лидерите во светската автомобилска индустрија.

И ете уште една интересна бројка. Од 2016 година глобалниот пазар на електромобили е пораснат 4,3 пати, а продаѓбите на електричните Hyundаi и Kiа се зголемиле за околу 20 пати. И сега корејскиот концерн го зазема 4. Место на списокот на најголемите производители на еколошко чисти автомобили, а губи само од Tеslа, Nissаn-Rеnаult и Vоlkswаgеn Grоup.

И тоа е само почеток. До 2025 година, Корејците сакаат да имаат 23 електрични автомобили во својата понуда. Многу од нив ќе бидат изградени на нова платформа, која се развива специјално за електричните превозни средсрва. Се очекува во јуни во 2020 година да биде претставен првиот модел на оваа платформа, кросовер со автономна километража од околу 500 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK