Xiaomi покажа работен прототип на електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi го заврши составувањето на првиот инженерски прототип на својот електричен автомобил. Компанијата не ги крие плановите за влез во автомобилската индустрија и дури најави дека во 2024 година ќе го покаже својот прв електричен автомобил.

Според локалните медиуми, инженерите на марката го завршиле тестот електричен автомобил на 28 септември.

По инвестицијата од повеќе од 10 милијарди евра, компанијата има планови да се етаблира како сериозен играч во областа на автомобилите, а конкретно оние со електричен погон.

Во моментов на проектот работат над 1.000 луѓе, а многу скоро се очекува да започне и работата на фабрика во Пекинг која ќе произведува околу 300.000 автомобили годишно.

Според претходните извештаи, автомобилот на Xiaomi ќе вклучува напредни технологии за автономно возење, а тестовите на овие системи веќе се започнати.

Компанијата располага со над 140 тест прототипи за овие системи, вклучувајќи ги BMW Серија 5, BYD Han и други, опремени со потребните радари и технологии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK