Во пресрет на саемот на автомобили во Гванжу, кинескиот производител Wuling го претстави моделот Victory. Станува збор за моноволуменец кој на пазарот се појавува во време на голем пад на популарноста на овој тип на возила.
Главната карактеристика на овој Кинез кој ги руши стереотипите за лош кинески дизајн, е просторноста. Таа се отсликува преку должината од 4.875 мм и меѓуоскиното растојание од 2.880 мм.
Почетната цена на овој модел изнесува 12.810 американски долари за основното ниво на опременост со кое се добива и 1,5 литарски туроббензински четири цилиндрен мотор со 148 КС и мануелен менувач.
Wuling Victory
Во понудата доаѓа со голем број на опционална понуда. Така овој модел ќе биде достапен и со кожни и ергономски седижта, двојно стакло со напредна звучна изолација, филтер за ПМ2.5 честички, систем за електронска стабилнсот на Bosch…
Во производство влегува следната година, а последните информации од Кина кажуваат дека ова возило ќе се продава и во Европа каде би требало да дебитира во текот на 2022 година.