VW ќе исплати 6,4 милиони долари оштета на своите работници

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen соопшти дека ќе исплати 6,4 милиони американски долари како оштета на поранешни работници на VW во фабриката во Бразил.

Станува збор за поранешни работници кој ја тужеа компанијата за соработка со војската на таа земја за време на диктатурата во периодот од 1964 до 1985 година.

Работниците и нивните семејства поднесоа тужба пред пет години за кршење на човековите права, пренесува BBC.

“Жал ни е поради насилството кое се случи во минатото. За Volkswagen, важно е дека одговорно се носи со сите овие негативни поглавја во историјата на Бразил и промовира транспарентност” изјави Хилтруд Вернер, извршна директорка на бразилската дивизија на Volkswagen.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK