VW ID.3 ќе се произведува и во Дрезден (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси две години по почетокот на производството на моделот ID.3 во Цвикау, Volkswagen објави дека официјално започна производството на овој модел и во т.н. Стаклена фабрика лоцирана во Дрезден.

Почетокот на производството беше означено во присуство на Мартин Дулиг, министер за економија и транспорт на Саксонија и Дирк Хилберт, градоначалникот на Дрезден.

“Во Дрезден, ние ја имаме четвртата фабрика на Volkswagen во светот во која се произведуваат автомобили од ID. фамилијата. Во исто време се зголемува и производствениот волумен во Цвикау, како и во двете наши фабрики во Кина” изјави Томас Улбрих од Volkswagen.

Производството на овој модел во Дрезден започна откако претходно во оваа фабрика прекина производството на VW e-Golf и Bentley Flying Spur.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK