Seat Leon Cupra 300

VW го користи Seat за напад на Alfa Romeo

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само некоја недела од Hyundai изјавија дека нивните идни модели ќе бидат посекси од Alfa Romeo уште еден производител реши за пример да го земе овој италијански бренд.

Поради големата сличност на понудата помеѓу SEAT и Skoda, раководството на Volkswagen групацијата одлучи шпанскиот бренд полека да се трансформира со цел да биде рамноправен конкурент на Alfa Romeo. Иако во моментов имаат големи разлики во понудата односно Seat нема достоен ривал на Stelvio и Giulia, сепак во наредниот период се очекува VW со дополнителни инвстиции значително да ја промени гамата на SEAT.

Првиот човек на Volkswagen Групацијата, Хербер Диз изјави дека SEAT ќе се позиционира кон помладите возачи, а истовремено неговата изјава беше и со респект кон Alfa Romeo.

Дека SEAT се подготвува за конкурент на Alfa Romeo може да се увиди и по поставувањето на Лука де Мео за прв човек на овој производител во 2015 година. Инаку де Мео е поранешен прв човек на Lancia и Alfa Romeo, па токму неговите знаења стекнати додека беше прв човек на Alfa Romeo може да бидат искористени во насока на дрстична промена на моменталниот дизајн на гамата на SEAT и приближување кон Alfa Romeo.

Сепак да се биде ривал на Alfa Romeo и не е мала работа, па останува да се види како SEAT и Volkswagen Групацијата ќе се справат со овој предизвик.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK