Втора победа на Малинковски во Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Со новите 20 бода, Малинковски е лидер во генералниот пласман со вкупно 52 бода, исто колку и Ангелче Стојковски кој на оваа трка заврши како четвртопласиран меѓу македонските возачи, а 15. во севкупниот пласман

Давид Малинковски ја оствари вторатат победа во Twingo Cup во првенството на Македонија на трката возена на патеката Словакија Ринг во Словачка. Малинковски во генерален пласман заврши како петтопласиран во конкуренција на 27 возачи, и беше најдобропласиран возач од Македонците што настапија на истата трка. Со новите 20 бода, Малинковски е лидер во генералниот пласман со вкупно 52 бода, исто колку и Ангелче Стојковски кој на оваа трка заврши како четвртопласиран меѓу македонските возачи, а 15. во севкупниот пласман

Од македонските возачи втора на трката во Словачка заврши Владимир Тренески кој беше седмопласиран во вкупниот пласман.

Малинковски одлично ја почна трката и веќе после првиот круг се искачи на 6. место во групата од неколку автомобили кои возеа во група и често се менуваа во водство. Начиот возач добро се држеше во конкуренција на ривали од Словенија и Србија, и потоа се искачи на 4 место, а на 10 минути до крај на трката во еден момент Малинковски беше и лидер.

https://streamable.com/7qrjw9

Менувањето на лидерите беше често и се до последниот круг на моменти трката немаше многу неизвесност освен честите промени. Во последните свиоци при еден инцидент од трката излеатаа Михајло Младеновиќ и Матеј Ивануша и тоа во моменти кога неколкумина се бореа за првото место и за победа. Twingo Cup покажа дека на секоја трка има неизвесност и повеќемина се во игра за висок пласман.

Победник на трката е Лука Глазер од Словенија пред Ник Стефанчич и Урбан Јеловчан.

Следната трка од Twingo Cup се вози на патеката Серез во Грција во јуни месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK