Возење без пари: Секоја вечер им го крадел автомобилот и го враќал рано наутро

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна, несекојдневна вест доаѓа од Хјустон, САД. Имено, против момче идентификувано како Мајкл Армандо Лопез е покренето обвинение за кражба.

И тоа не станува за било каква кражба. Лопез секоја вечер го крадел автомобилот и истиот по неколку часовно возење повторно го враќал во дворот на сопствениците, пренесуваат американските медиуми.

“Седиштето беше померено, а ретровизорите соодветно подесени” објаснува Хавардс за тоа како приметила дека некој го вози нејзиниот автомобил. За да се осигура таа поставила камера на која бил уловен моментот на крадење на нејзиниот автомобил.

Токму видео снимките од безбедносните камери ќе бидат искористени против Лопез во судската постапка, а тој се сомничи и за други слични кражби што се случиле во околината каде што живее.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK