Возачи на F1 глумат во филм на Дизни

ОБЈАВЕНО НА:

Двајцата возачи на Ferrari го позајмија својот глас за новиот филм на Дизни Пиксар, Lightyear што ќе се појави во кината во Европа веќе следниот месец. Чарлс Леклер и Карлос Саинц привремено го оставија возачкиот комбинезон и кацигата за да се вклопат во новата улога на гласовните актери на Дизни Пиксар.

Двајцата го позајмија гласот за Lightyear – The true story od Buzz, најновата креација од филмската компанија која ќе го раскаже потеклото на Баз Лајтјер, анимираниот лик кој првпат се појави на големите екрани во далечната 1995 година.

Објавата беше дистрибуирана преку социјалните мрежи на Disney Pixar. Леклерк го позајми гласот за италијанската верзија, додека Саинц за шпанската, но се уште не е откриено кои ликови во филмот ги синхронизирале двајцата пилоти.

Не е првпат возач на Ferrari да го позајми гласот за филм на Пиксар. Уште во 2006 година Михаел Шумахер „глумеше“ на италијански со синхронизирање на неговиот лик во првото поглавје на Cars-Motori Roaring.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK