Volkswagen T-Roc е најпродаван автомобил во август во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Со раст од 43 отсто и продадени 15.953 возила моделот VW T-Roc е на врвот на најпродавни автомобили во Европа за август 2022 година. Германскиот модел заедно со Peugeot 208 се единствените што успеаја да продадат повеќе од 15.000 возила.

Најновите податоци на JATO Dynamics покажуваат дека автомобилскиот бизнис во Европа (EU27) забележа раст од 3,5% во август, достигнувајќи ниво од 739.037 продажби.

Од агенцијата посочуваат дека реализацијата од почетокот на годинава е на ниво од 7.143.460 единици или за 12% помалку во однос на првите осум месеци од 2021 година.

Најпродаваниот нов автомобил во Европа во август 2022 година е Volkswagen T-ROC со 15.953 примероци (+43), следен од Peugeot 208 со 15.146 (+92%) и Dacia Sandero 14.830 (- 1%). Од моделите во Топ-10 највисок пораст во продажбата има Peugeot 208 (+92 отсто) и Citroen (+ 80 отсто), а највисок пад VW Golf (- 10 отсто).

За plug-in (PHEV) хибридите, најпопуларен модел е Ford Kuga (3.721), а TOP 3 ги вклучува Hyundai Tucson (2.504) и Kia Sportage (2.177).

Со 100% електричен погон, Tesla Model Y забележа раст на продажбата од 98% на ниво од 6.935 единици, а потоа следат Volkswagen ID.4 и Skoda Enyaq во ТОП 5 со 5.583 (+20%) и 4.394 единици (+23 ) соодветно %), Fiat 500 со 3.992 (+26%) и Dacia Spring со 3.699 единици (+894%).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK