Судот на правдата на Европската унија (СПЕУ) започна истрага против Volkswagen групацијата поради можна манипулација со контролата на издувните гасови. Овој пат експертите се заинтересирани за софтверот што го контролира EGR вентилот. Факт е дека под одредени услови, контролната единица на моторот го исклучува овој вентил, што значително ги зголемува емисиите на азотни гасови.
Утврдено било дека кога температурата на околината е од 15 до 33 степени целзиусови, а надморската висина надминува 1000 метри, ЕGR се исклучува од софтверот. Инженерите на VW велат дека тоа е со цел за подолг животен век на моторот, но од ЕУ го сметаат за симнителен слично како и софтверот EA189 на моторите кои биле кај Дизелгејт.
Според Automotive News, Volkswagen не ги признава обвинувањата и тврдењата за манипулирање. и потенцира дека тн. температурен прозорец на EGR клапната е оправдано и намератата е да се намалат оштетувањата.
Вентилот ги меша издувните гасови на моторот со влезниот воздух, што пак ја намалува концентрацијата на кислород и брзината.