Polo претставува симбол за достапна почетна мобилност. Кога првите нови Polо модели пристигнаа во продажба, тие беа дел од новата моделска фамилија на Volkswagen која ги освои улиците во раните 1970-ти.
Во пролетта 1975 година, малиот автомобил се појави по Passat (1973) и Golf (1974) – модели од тогашната нова генерација со водено ладење, кои ја наследија легендарната VW Buba. Низ шест генерации, станува јасно дека вкупната концепција – поволниот однос цена-перформанси, големата практичност, пионерската технологија во класата на мали автомобили и секако привлечниот дизајн – сѐ уште се актуелни и го направија овој модел бестселер.
Дополнително, Polo со децении ја обликуваше компактната класа на автомобили. Признанијата од националните и меѓународни медиуми вклучуваат награди како „Автомобил на годината 2010“, „Светски автомобил на годината 2010“ и „Светски урбан автомобил 2018“.
Она што започна како едноставен автомобил со две врати во 1975 година, беше усовршувано и надградувано во многу насоки низ пет децении: вкупно шест генерации, како хечбек Polo, како купе, како спортски G40 или GTI, како шарениот Harlekin, како караван, како верзија со заден дел Derby, како CrossPolo со офроуд изглед, како ефикасниот Polo BlueMotion, и секако – како исклучително динамичниот Polo R WRC, кој освои четири светски титули во Светскиот рели шампионат од 2013 до 2016 година.
Секоја генерација на Polo нудеше повеќе простор и удобност, поефикасни мотори и иновативни безбедносни функции. Новитети како предни и странични воздушни перничиња, серво волан, затегнувачи на појаси и ABS беа воведени за Polo да остане конкурентен. Следниот голем чекор беше воведувањето на модуларната MQB платформа, која постави нови стандарди во поврзаноста, безбедноста и динамиката на возење, правејќи го моделот уште подигитализиран и поиновативен. Денешниот Polo располага со системи за асистенција и удобност што порано беа достапни само кај повисоките класи. Моделот останува многу популарен ширум светот и ќе биде освежен во 2025 година. Совршен пример за ова е Polo GTI, кој сега може да се вози уште подинамично – благодарение на ESC што може да се деактивира, перформанс гуми и ново подесување на суспензијата и управувањето.

Глобално производство и светски успех. Сериското производство на Polo I започна во март 1975 во централата на Volkswagen во Волфсбург, каде што до 1981 година беа произведени 1,1 милион примероци. Со зголемената важност на моделот, производството се прошири и на други локации низ светот, вклучувајќи ги Шпанија, Аргентина, Јужна Африка, Словенија, Кина, Бразил и Индија. Со над 20 милиони произведени единици, Polo е еден од најуспешните мали компакти во светот.









