Со воведувањето на сè повеќе електрични автомобили од VAG групата, плановите во блиска иднина е нивната бројка да се зголемува. Volkswagen веќе ја прошири фабриката во Брауншвајг, каде што се произведуваат батерии за електромобилите на концернот.
Според планот новата фабрика треба да обезбедува околу 600.000 батерии годишно, а 500.000 од нив ќе бидат за електричните автомобили како VW ID.3, ID.4 и Skоdа Еnyаq, додека другиот дел ќе биде за plug-in хибридите и помалите електромобили како VW е-up, Skоdа СityGо iV и слично.
Проширувањето на погонот и додавањето на втора производствена линија се случува благодарение на инвестицијта од 300 милиони евра, а целата фабрика се простира на територија од 40.000 метри квадратни.