Volkswagen ќе гради нова фабрика за производство на батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Американската дивизија на Volkswagen соопшти дека ќе започне со изградба на фабрика за производство на батерии во САД.

Во соопштението се вели дека фабриката ќе се наоѓа веднаш до постоечката во Четануга каде се планира да се произведува моделот ID.4.

Инвестицијата е вредна околу 800 милиони американски долари, а ќе отвори речиси илјада нови работни места.

Целта на Volkswagen е дека со оваа фабрика ќе се обезбедат неопходните батерии за електричната експанзијата која се планира во наредните години во САД без при тоа да треба да се увезуваат од Европа или Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK