Volkswagen ja продава фабриката во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen преговара за продажба на фабриката во Калуга, Русија. Ваквиот исход доаѓа една година откако компанијата го прекина производството и извозот во Русија поради руската агресија врз Украина.

Рускиот дилер на автомобили „Авилон“ најави купување на фабриката на Volkswagen во Калуга. Според руските медиуми, договорите за продажба треба да бидат потпишани наскоро.

По почетокот на рускиот напад врз Украина, Volkswagen ги затвори двете свои фабрики во Русија во март 2022 година. Во исто време беше стопиран и извозот на возила во Русија.

Во мај, Volkswagen се повлече од фабриката во Нижни Новгород, каде што германската компанија склопуваше возила во соработка со руската компанија ГАЗ, чиј косопственик Олег Дерипаска е на списокот со санкции поради врски со војната.

Други германски производители на автомобили, како што се BMW или Mercedes Benz, исто така се повлекоа од рускиот пазар откако Москва започна инвазија на Украина пред една година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK