Volkswagen ја почна претпродажбата на ID.5

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија објави дека започнува со претпродажба на новиот и прв од ваков вид автомобил во понудата, целосно електричен купе SUV ID.5. Основната цена на Volkswagen ID.5 за Германија е поставена на 46.515 евра

Volkswagen ID.5 е достапен со избор од три верзии со моќност – ID.5 Pro (174 КС), ID.5 Pro Performance (204 КС) и ID.5 GTX (299 КС). Ќе може да се избира модел со една батерија (77 kWh) за домет до 520 км. со максималната моќ на полнење до 135 КW.

ТОП понудата која има погон на четири тркала, ветува 299 коњски сили и можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди. Со соодветна инфраструктура за полнење, батерискиот пакет на електричниот автомобил може да се полни до 150 kW и притоа за само 6 минути да може да се наполни за возење за уште дополнителни 100 км.

Ако се користи полнач со јачина до 135 Kw, тогаш батеријата за 30 минути може да се наполни за возењд од 320 км. (за моделоt ID.5 GTX) односно до 390 км. (за моделот ID.5)

„ID.5 нуди најдобра комбинација на стандарди за луксуз со елеганција и издржливост“, рече Клаус Зелмер, член на одборот на Volkswagen Passenger Cars. „Нашиот прв целосно електричен SUV нуди локална мобилност со ЦО2 неутралност и спортски перформанси за бараните клиенти. Нашата цел е да го направиме Volkswagen најпосакуваниот масовен бренд за одржлива мобилност.

Компанијата планира до 2030 година најмалку 70 отсто до продажбата во Европа да биде на електрични возила. Дотогаш и емисијата на ЦО2 по возило ќе се намали за 40 отсто, а до 2050 година брендот планира да биде целосно „климатски неутрален“.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK