Volkswagen ID.4 доминираше на пазарот за електромобили во Европа во април

ОБЈАВЕНО НА:

Според последните податоци на cleantechnica.com, Volkswagen ID.4 бил најпрoдаваниот целосно електричен автомобил во Европа во април.

Прелимининарните податоци покажуваат дека Volkswagen пријави 4.139 продажби на ID.4, додека другите учесници во Топ 5 се Kia Niro со 1.131 единици, Volkswagen ID.3 со 991, Volvo XC40 Recharge со 959 и Audi e-Tron со 956.

Интересно е и пазарната понуда на шесторангираниот целосно нов и неодамна лансиран на паарот Enyaq на SKODA, кој отчитува 867 продажби.

Во Топ 10 на најпродавани електромобили во Европа влегуваат исто така и Polestar 2 (832), Nissan LEAF (680), Hyundai KONA EV (623) и Peugeot e-2008 со 490 примероци.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK