Volkswagen го тестира електричниот I.D. на Арктикот

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen ништо не остава н случајност – го тестира најновиот електричен автомобил на екстремни услови на Арктикот.

Станува збор за целосно електричниот хечбек модел I.D. кој е само еден во низата електрични автомобили најавени од страна на Volkswagen со кој ќе се обиде да ја оствари целта од продажба на 1 милион електрични возила годишно до 2025 година.

Додека траат тестирањата на екстремни услови, се појавуваат и првите детали поврзани со овој автомобил. Така I.D. Neo како што е целосниот назив на овој автомобил, ќе поседува еден електромотор со моќност од 170 КС и погон на предните тркала. Автономијата се очекува да изнесува околу 450 км, додека моделот со батерија од 48 kWh би требало да има автономија од околу 300 км.

Инаку I.D. хечбекот ќе биде првиот автомобил на VW кој влегува во прозиводство, а доаѓа од фамилијата на електрични I.D. автомобили. Според пишувањата на германските медиуми, производството започнува кон крајот на годината, а следната зима и продажбата во Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK