Volkswagen е најзадолжената компанија во светот, покажуваат резултатите од последното истражување во кое беа опфатени околу 900 еминентни компании.
Според истражувањето, најголемиот германски производител има долг од 192 милијарди американски долари што е мног повеќе од долгот на многу земји вклучувајќи ги тука Унгарија, Јужна Африка, Чешка, Романија…
Во топ 10 најзадолжени компании се наоѓаат дури пет производители. Така покрај Volkswagen, со долг од 151 милијарди долари на третата позиција се наоѓа Daimler, а една позиција подоле, со долг од 138 милијарди долари се наоѓа Toyota.
На седмата и осмата позиција со долг од 129 односно 122 милијарди долари рангирани се Ford и BMW. Останатите компании на листата се: AT&T, Softbank Group, Verizon, Comcast Corporation и Anheuser-Busch.