Volkswagen е најпродаваниoт бренд во Европа за првите девет месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Сосема очекувано, Volkswagen е најпродаваниот бренд на возила за првите девет месеци од годинава. Германскиот производител во тој период оствари продажба од 945.877 нови возила, што е повеќе од било кој друг бренд.

Втор најпродаван бренд со 585.171 примерок е Renault кој воедно е и најпродаван француски бренд. Веднаш зад него со продажба од 527.523 се наоѓа Peugeot кој е најпродаван бренд на PSA Групацијата.

На четвртата позиција се наоѓа Mercedes-Benz со продадени 522.633 примероци, а најпродаваната петорка ја сочинува уште и Ford со продадени 481.219 примероци.

Во продолжение се прикажани брендовите од 6. до 10. позиција:

6. BMW 478.693
7. Toyota 467.902
8. Skoda 466.447
9. Audi 431.172
10. Opel 349.479

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK