Во Женева доаѓа и продукциската изведба на Lancia Stratos

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарната Lancia Stratos по пауза од 40 години повторно се врати на автомобилската сцена минатата година во рамките на ссаемот во Женева.

Сега, по само една година и повторно на саемот во Женева кој на програмата е следниот месец, најавена е продукциската изведба на овој модел потврдуваат од MAT (Manifattura Automobili Torino), италијанска компанија која ќе го произведува овој модел.

Новата Stratos во најголем дел ќе биде составена од компонентите на Ferrari вклучувајќи го и 4.3 литарскиот V8 мотор кој произведува 540 КС. Со овие перформанси и тежина од 1,247 кг, Stratos 100ка ќе достигне за 3,3 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја достигне изнесува 320 км/ч.

За овој модел веќе има заинересирани купувачи од САД и Италија, а овој модел ќе биде произведен само во ограничен број на примероци од неколку автомобили. Продажната цена ќе изнесува околу половина милион американски долари.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK