Во овие земји се продадени најмногу автомобили во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Кина убедливо е земјата каде минатата година се продадени најмногу автомобили. Во оваа земја, и покрај што е забележан пад на продажбата од 8,7% во однос на 2018 година, продадени се 25.133.264 автомобили.

По Кина следи САД со продадени 17.076.017 автомобили и пад од 1,5% во однос на 2018 година додека на третата позиција е Германија со продадени 3.596.973 нови автомобили.

Во топ 5 пазарите за 2019 година се наоѓа Индија каде во текот на целата мината година се продадени 3.105.409 автомобили и Јапонија каде се продадени 3.105.409 автомобили.

На листата најголеми пазари за нови автомобили за минатата година се наоѓаат уште и Бразил, како најголем јужноамерикански пазар, Велика Британија како втор најгоелем во Европа како и Франција, Канада и Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK