Во Македонија пристигна првото електрично Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.

Елегантен, ефикасен, препознатлив: надворешен дизајн
Audi e-tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу – во типичен купе стил се влева во D-столбовите.

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската DNK на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат “S” лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Audi e-tron Sportback во Скопје

 Спортска ефикасност: Електрични мотори со електричен quattro погон на сите тркала
Audi e-tron Sportback 55 quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Секоја оска е опремена со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент[2], двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место – без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-tron Sportback 55 quattro му се потребни само 6,6 секунди да достигне 100 km/h, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h.

Со префрлање од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира “Boost” режимот. Во овој режим на возење, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди. Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце.

Запознајте го новиот Audi e-tron Sportback одблизу во салонот на Audi во Скопје или дознајте ги сите информации на www.audi.mk

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK