Во Кавадарци ќе се возат со нови автобуси во јавниот превоз

ОБЈАВЕНО НА:

Општина Кавадарци набави три нови автобуси и еден минибус за своето Јавно претпријатие за превоз на патници, кои треба да пристигнат во Македонија за 110 дена. Со тоа ќе се подобри градскиот превоз, а ќе се намали емисијата на штетни гасви со оглед на староста на сегашните автобуси.

По пат на јавна набавка три нови автобусу од типот Isuzu Citibus од турската фабрика на Anadolu Isuzu треба да бидат испорачани на Јавното претпријатие за превоз на патници во Кавадарци. Покрај автобусите Општината набави и еден минубус од истата фабрика.

Набавката на автобусите ќе биде преку компанијата Аутомакедонија која е застапник за турските автобуси. Токму Аутомакедонија пред неколку месеци имаше „роад шоу“ во неколку градови низ Македонија со цел да ги запознае потенцијалните купувачи со можностите на автобусите што се произведуваат во Турција.

Вкупната вредност на набавката 727.475 евра ( 638.630 евра за автобусите и 88.845 евра за минубусот.)

Isuzu ги претстави во Македонија најновите автобуси

 

Аутомакедонија со електричниот NovoCITI Volt ја најавува урбаната електромобилност

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK