Социјалните мрежи „полудеа“ откако се појави интересно видео на кое се гледа дека полицајци со истечени лиценци запираат на патишата. Тоа видео беше објавено од страна на жител на Димитровград во Бугарија. Извесен Михаил Душев покажа како успеал да утврди дека полицајците во Бугарија се со истечени лиценци за работа со оглед на тоа што истите не им биле обновени од крајот на 2016 година.
„Третпат гледам невалидни полициски службени легитимации. Стикерите во долниот десен агол се со важност до 2016 година. Од последниот разговор со униформираните лица разбрав дека целата полиција има истечени легитимации. Тоа значи дека во моментов немаме полиција, но и дека година и пол немаме полиција“, пишува Душев на својот профил на социјалните мрежи.
Од полицијата имаше брза реакција во која се вели дека има наредба со која се дозволува легитимациите да се користат до 30 јуни 2018 година, но граѓаните бараат копија од наредбата за да се уверат дека истата постои. Воедно бараат да видат и дека истата наредба има соодветен печат и потпис од лицето кое е одговорно.
Инаку, Душев открил дека легитимациите им се истечени откако се повикал на ченот 170 алинеја 5 од Законот за движење по патишта и побарал лицата да се легитимираат.
https://www.facebook.com/m.dushev/videos/1952185571478724/