Компанијата Mercedes повлекува над 300.000 возила во САД бидејќи дел од анласерот во моторот може да се прегрее и да се запали. Daimler се реши на овој чекор поради опасноста од пожар откако биле пријавени 51 случај.
Доколку се обидувате да го стартувате вашиот автомобил, и тоа трае долго, тогаш немојте да притискате. Токму тоа инсистурање да го стартувате возилото може да предизвика пожар.
Околу 1 милион возила се опфатени со повикот за дополнителен сервис, од што 307.629 возила во САД на кои им се појавил овој проблем. Ова се појавило на моделите ов E-Class, C-Class, CLA,GLA и GLC произведени во периодот од 2015 до 2017 моделска година.
Според портпаролот на компанијата додека не се отстранат проблемите нема да се продаваат овие модели. Mercedes во јуни 2016 година покрена истрага поврзана со споменатиот проблем откако доби известување за термичко оштетување на лимитаторот за струја.
Ова се сите модели опфатени си повикот, произведени во периодот од 1 февруари 2014 до 1 февриари 2017 година: Mercedes-Benz C 300, C300 4Matic, C300 4Matic Coupe, C 300 4Matic Cabrio, C 300 Coupe, C 350e, C 450 4Matic AMG Sport, CLA 250, CLA 250 4Matic, CLA 45 AMG, E 300, E 300 4Matic, E 300 4Matic Wagon, E 43 AMG 4Matic, GLA 250, GLA 250 4Matic, GLC 300, GLC 300 4Matic, GLC 300 4Matic Coupe.