Зголемувањето на цените на горивата, но и на новите возила со погон на фосилни горива се повеќе влијаат на електромобилноста. Луѓето веќе сериозно размислуваат при промена на своите возила нивниот следен автомобил на биде поврзан со новиот тренд - електромобилноста.
Германија е е еден од најголемите, и најважни пазари за продажба на автомобили. Електричните возила стануваат сè попопуларни во земјата. За разлика од лани кога падна бројот на испитаници кои би избрале електричен автомобил како свој следен, последното истражување покажува дека тој број значително се зголемил. Околу 40 отсто од испитаниците би избрале хибридно возило следниот пат кога ќе купат автомобил, што е повеќе од само 26 отсто минатата година.
Уделот на оние кои претпочитаат чисто електрично возило се зголеми од 6% во 2021 година на 15% сега. Ова ги става Германците во првите редови на усвојувањето на чисто електрични возила во споредба со другите големи пазари (Индија, Југоисточна Азија, Јужна Кореја, Јапонија, Кина, Германија, САД).
Сепак, околу 41% би ја преиспитале својата одлука да купат електрично возило доколку цената за полнење гориво е слична на онаа на фосилните горива. Д-р Харалд Проф, партнер и шеф на автомобилската индустрија во Делоит Германија и Глобал, објаснува: „Пониските трошоци за гориво се еден од централните аргументи за купување електричен автомобил и беа идентификувани како втор најважен фактор во нашата студија. Бензините драстично пораснаа во последната година и предвидливо е дека работите ќе одат во оваа насока. Несомнено, ова ќе даде дополнителен поттик за електромобилноста“.
Загриженоста за климата ја изразиле 61 отсто од испитаниците како причина за купување електричен автомобил, а 46 отсто биле мотивирани од владините субвенции. Како што покажува и студијата на Делоит, Германците повеќе го ценат алтернативното возење. Околу 44 отсто од испитаниците би доплатиле за тоа, 31% би биле подготвени да потрошат од 400 до 2.000 евра повеќе, а 13% дури и повеќе од 2.000 евра.
Според резултатите од студијата, секој што ќе одлучи да купи електричен автомобил сака да може да помине најмалку 616 километри без прекин со целосно наполнет електричен автомобил. На крајот на краиштата, четвртина од испитаниците се најзагрижени за километражата со едно полнење кога станува збор за електричната мобилност, по што следи инфраструктурата за полнење (14%) и повисоките трошоци за купување (12%). 70 отсто од испитаниците очекуваат дека ќе можат да го полнат својот автомобил најчесто дома, 17 отсто на јавни станици за полнење и 12 отсто на работа.