Видео за причината зошто Volvo повлекува 736.000 возила (Видео)

Производителот на автомобили Volvo ќе повика на сервис речиси 750.000 возила поради проблеми со автоматското сопирање. Тој систем под одредени околности не го сопира автомобилот како што е предвидено. Засега нема информации за несреќи поврзани со овој проблем.

Сервисот се однесува на точно 736.430 автомобили во целиот свет. За оваа сервисна акција прв извести шведскиот весник Expressen.

Се појави и видеото од извршеното тестирање од страна на швеѓаните кои алармираа за проблем кај возилата.

 

Според известувањето, класичните сопирачки што функционираат на притисок на педалата – работат нормално. Повикувањето на сервис се однсеува на автомобили од 2019 и 2020 година, и тоа: XC40, S60, V60, V60CC, XC60, S90, V90, V90CC и XC90

Ако сте сопственик на вакво возило не чекајте да ве повикаат веднаш јавете се кај овластениот сервис во вашата земја.