Задолжените за екстремни експерименти од малото германско тунинг студио Boba Motoring продолжуваат да го доразвиваат својот Volkswagen Golf II, кој со право се смета за најбрзиот претставник на моделот, кој некогаш бил создаден. Овој пат Германците го покажаа забрзувањето на „двојката“ од лице место, докажувајќи категорично дека нема манипулација со видеото на никаков начин.
Под предниот капак на голфот работи четири цилиндричен 16-вентилен мотор ABF со огромен турбо компресот од Extreme Tuners. Моќноста од над 1200 коњски сили се пренесува кон четирите тркала од засилената трансмисија DQ250 со две спојки.
Благодарение на модификациите се тежината е 1160 килограми, а забрзува од 0 до 100 км/ч за за 1,66 секунди. До 200 за 4,4 секунди, а до 300 км/ч за 6,81 секунди. Максималната брзина надминува 340 км/ч. За поминување на класичната дистанца од четврт милја (402 метри) се доволни 8,26 секунди додека брзината на крајот е 274.3 км/ч.