YouTube каналот WhistlinDiesel објави неверојатно видео во кое главната улога ја има Toyota Hilux.
Овој тим со помош на хеликоптер го пуштија овој автомобил во висина од 152 метри. Во вториот дел овој популарен автомобил на Toyota беше пуште во висина од 10 илјади стапки односно 3.048 метри. При тоа во слободен пат овој автомобил “леташе” 29 секунди, а сето тоа е снимано од повеќе камери.
Популарното видео кое за само 24 часа беше прегледано над 1 милион пати може да го погледнете во продолжение.