(Видео) И електричниот Fiat 500 на тестот на км77

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот Fiat 500 е последниот автомобил во низата кој се најде на т.н. тест на северен елен кој го организира и спроведува специјализираниот сајт за автомобилизам км77 од Шпанија.

На тестот, овој автомобил оствари задоволителен резултат. Опремен со Bridgestone EcoContact 6, овој мал градски автомобил успешно го помина тестот при брзина од 75 км/ч, иако претходно имаше неуспешен обид и при помала брзина, од 74 км/ч. При брзина од 77 км/ч, колку што е границата за успешно положување на овој тест, малиот италијанец собори само две столбчиња.

Стабилноста е на изненадувачко ниво, а одлични перформанси покажа и при слаломот кој го помина без ниту една грешка.

И покрај се, Fiat500 постигна многу подобри резултати од возила од повисоката класа кои беа претходно на тест.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK