По мостот во рибарското пристаниште се движеше товарно возило, и само секунди потоа мостот едноставно се сруши. За среќа нема повредени, но материјалната штета е огромна.
Несреќниот случај бил во Нанфанг, Тајван а мостот бил долг 140 метри. Досега немало проблеми, ниту пак покажувал знаци дека има проблеми. Инаку мостот бил изграден во 1998 година.
Сега ќе биде проблем додека двете страни на брегот се поврзат со оглед на тоа дека тој пат бил доста фреквентен.
Паѓањето на мостот и од друга перспектива.