Во Канада од 2035 година продажба само на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Квебек, составен дел од Канада, донесе амбициозна одлука според која од 2035 година ќе биде забранета продажба на автомобили кои не се електрични.

Оваа одлука доаѓа како дел од претходно усвоената стратегија за т.н. зелена околина која предвидува и инвестиции од 6,7 милијарди долари за борба против климатските промени.

Од ова ограничување исклучок се комерцијалните и индустриски возила како и возилата кои се продаваат на старо.

Реализацијата на овој план веќе е започната па така жителите на Квебек се поттикнуваат да купуваат електрични возила. Тоа придонесе да речиси цела година наназад во Квебек се продаваат најголем дел од досега продадените електрични возила во Канада.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK