Toyota е највредниот автомобилски бренд – вреди над 59 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Одличен период за Toyota. Официјално е најпродаван бренд за 2020 година, најпребаруван на интернет на глобално ниво, а сега пристигна потврда дека е и највредниот автомобилски бренд.

Според извештајот на Brand Finance Global 500, вредноста на брендот се зголемила за 2% па така сега вкупнта вредност изнесува 59,5 милијарди американски долари.

На глобалната листа на највредни брендови, од сите индустрии, Toyota се наоѓа на 12 позиција што претставува напредок за 3 места. Токму овој напредок е доволен да јапонскиот бренд го надмине Mercedes-Benz чија вредност забележа пад од 10%.

Најголем придонес за овој позитивен напредок има зголемувањето на понудата на автомобили, развојот и продажбата на компоненти за возила како и зголемената продажба на повеќе регионални пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK