Rimac Automobili отвори салон во Шангај

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно Rimac Automobila станува влијателен бренд во автомобилската индустрија, особено во сегментот на супер спортски луксузни автомобили. Доказ за тоа е што хрватскиот производител го отвори првиот изложбен салон надвор од Европа.

Истиот е отворен во Шангај, а најголемата заслуга за тоа ја има кинеската компанија Kingsway Group која оперира со овој салон, а која најави и други ширум земјата.

“Многу сме среќни што можеме да изразиме добредојде во нашето семејство на Kingsway Group, која има голема репутација и пристап до клучните пазари во Хонг Конг, Макао и Кина. Ова е уште еден важен чекор во изградбата на глобалната мрежа на Rimac и овој бренд” изјави Мате Римац по повод потпишувањето на партнерството.

Експанзијата на кинескиот пазар ја најави и Крешимир Ќориќ, директорот за продажба на Rimac Automobili. Тој ја најави експанзијата во Кина, но не потврди дали при тоа е планирано отворање на продажни салони и во другите земји ширум светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK