Промени во FCA: Менли го наследи Маркијоне

ОБЈАВЕНО НА:

Порано од очекуваното Серџо Маркијоне е сменет од првата позиција на FCA групацијата. Како што потврдија од FCA, Серџо Маркијоне повеќе не е прв човек на компанијата, а неговото место го зазема Мајкл Менли.

Причината за овој потег е здравствената состојба на Маркијоне кој по направената операција, здравствената состојба му се компликува. Тоа е доволно за Џон Елкан, првиот човек на Ексор компанијата која е мнозински сопственик на FCA, заедно со неговите колеги да донесат одлука за негово разрешување. Во писмото кое го напиша Елкан, се наведува причината за разрешувањето на Маркијоне, а воедно му се заблагодарува за целиот изминат период кој го посвети на развојот на компанијата наведувајќи и дека тој му бил личен ментор.

Компанијата експресно го назначи Мајкл Менли за негов наследник. Менли на оваа позиција доаѓа од позицијата директор во Jeep и RAM, а самиот тој беше и еден од можните наследници на Маркијоне. Неговото име се шпекулираше уште од април кога беше објавено дека Маркијоне и ќе се повлече по презентацијата на стратешкиот план во Балоко на 1 јуни.

Покрај од FCA, Маркијоне е разрешен и од Ferrari, а неговото место во оваа италијанска компанија го зазема Луис Камилиери кој е поранешен директор во Philip Morris International.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK