Ова се шампиони: Пет мотори кои поминуваат над милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на користен автомобил секогаш е поврзано со определени ризици, но ако под хаубата на избраното возило е монтиран еден од петте мотори подолу тогаш веројатноста агрегатот да ве изневери е многу мала.

Се работи за мотори кои можат да издржат голем број на километри. Некои анализи велат дека може да се дојде до поминување и на милион километри што секако е е огромна бројка. Кај нас се`уште може да се видат возила што се стари со децении но немаат никаков проблем и се движат во сообраќајот.

За овие мотори се смета дека се меѓу шампионите во издржливост и нивните сопственици ретко решаваат да се одделат од нив.

Volkswagen PD 1.9 TDI

Современите мотори на VW често се предмет на критики, а особено оние кои се дизел. На крајот на 20 век, Volkswagen конструира исклучително успешен турбо дизел. Станува збор за PD 1.9 TDI, кој не само што ја добива наградата за мотор на годината во 1999 година туку и во годините потоаја гради репутацијата на навистина надежен и економичен мотор.

Успехот се крие во системот Pumpe-Düse, кој е ги нема недостатоците на првите мотори со Common Rail. Има многу примери на такви агрегати кои со правилно одржување стигаат и до еден милион километри.

Cummins 6BT

Овој мотор не е толку популарен во Европа, но Американците знаат добро каков е неговиот ресурс. Шестцилиндричниот турбо дизел со обем од 5,9 литри се монтира на големите пикап возила од типот на Dodge RAM.

Тајната на неговата сигурност е едноставноста во изведбата, 12 вентили со шест цилиндри и неспоредлив систем на вбризгување на горивото, а тоа е дело на Bosch. Тој мотор се произведува од 1984 до 1998 година и сè уште е еден од најнадежните во светот.

Volvo B18

Автомобил опремен со овој мотор го држи рекордот за најголема дистанца која е помината кај лесите возила од дури 4.830.000 километри.

Рекордерот е мотиран на Volvo P1800, располага со работен обем од 1778 см3, со една горна брегаста оска и со еден или со два карбуратори. Се монтира на автомобилите од марка Volvo, кои се произведуваат во периодот од 1961 – 1981 година.

Toyota 1UZ-FE

„Вечните мотори“ на Toyota се повеќе од секоја друга марка во светот и да се издели еден од нив е навистина тешка задача. Сепак, има еден помал V-образен со осум цилиндри кој малку се изделува.

Тоа е моторот 1UZ-FE, кој дебитира во 1989 година. Првиот автомобил на кој се мотнира овој легендарен мотор е Lexus LS во неговата прва генерација.

Mercedes OM617

Коментарите за овој мотор се целосно непотребни. И денес во Африка има такси возила Mercedes W115/123, кои се движат без проблем со овие бессмртни мотори, а дистанцата која можат да ја поминат се мери во милиони.

Благодарение на издржливост на овој петцилиндричен трилитарски дизел мотор, моделите опремени со него се претвораат во симбол за успешност и издржливост. Најпопуларна е атмосферската верзија, но и таа која е снабдена со турбокомпресот не треба да се потценува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK